домаРегионХашим Тачи осуден на дополнителни 17 месеци затвор за попречување на правдата

Хашим Тачи осуден на дополнителни 17 месеци затвор за попречување на правдата

- Advertisement -spot_img

Поранешниот претседател на Косово и поранешен водач на ОВК, Хашим Тачи, е осуден на 17 месеци затвор во судскиот процес за попречување на правдата, кој се водеше пред Специјализираните совети на Косово во Хаг.

Судот го прогласи за виновен за обид за попречување на службени лица во вршењето на службените должности, повреда на тајноста на постапката и непочитување на судот.

Против Тачи се водеше посебна постапка поради наводи дека, додека бил во притвор во Хаг, им откривал доверливи информации за заштитени сведоци на лица кои го посетувале и им давал насоки како да влијаат врз нивните сведочења во процесот за воени злосторства.

Според обвинението, спорните дејствија се случувале од април до ноември 2023 година. Обвинителството се повика и на снимки од разговори во притворскиот центар, како и на документи пронајдени при претреси. Тачи ги негираше обвиненијата, а неговата одбрана тврдеше дека обвинителството не презентирало доволно докази за осудителна пресуда.

Претходно, на 16 септември 2026 година, Тачи беше осуден на 25 години затвор во одделниот процес за воени злосторства поврзани со војната во Косово во 1998 и 1999 година. Во истиот предмет беа осудени и поранешните команданти на ОВК Јакуп Красниќи, Кадри Весељи и Реџеп Селими. И таа пресуда е првостепена.

Тачи се наоѓа во притвор во Хаг од ноември 2020 година.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img