домаМакедонијаРасте бројот на деца во ризик во Македонија, најмногу во Скопје

Расте бројот на деца во ризик во Македонија, најмногу во Скопје

- Advertisement -spot_img

Бројот на случаи на деца во ризик е зголемен во текот на 2025 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во земјава биле евидентирани 3.698 случаи, наспроти 3.141 во 2024 година. Тоа е зголемување за 557 случаи, односно за околу 18 проценти.

Photo by Danish Jaffry on Unsplash

Податоците се објавени во публикацијата „Социјална заштита на деца, млади и возрасни лица, 2025 година“, која Државниот завод за статистика ја објави на 16 ноември 2026 година.

Категоријата „деца во ризик“ опфаќа деца кои се наоѓаат во околности што можат да го загрозат нивниот правилен развој, безбедност и благосостојба. Станува збор за различни ситуации во кои на детето му е потребна дополнителна заштита и поддршка од семејството, институциите и стручните служби.

Според возрасната структура, од вкупно 3.698 евидентирани случаи, 1.326 се однесуваат на деца на возраст од 7 до 13 години, 1.165 на деца од 14 до 15 години, а 1.207 на тинејџери на возраст од 16 до 17 години.

Најголем број случаи се евидентирани во Скопје – 2.095. Во Тетово се регистрирани 242, во Неготино 202, во Битола 200, а во Прилеп 167 случаи.

Центрите за социјална работа имаат важна улога во препознавањето на ризичните ситуации и обезбедувањето соодветна помош. Во зависност од потребите на детето, поддршката може да вклучува советување, работа со семејството, социјални услуги и други мерки за заштита. Но, важмп е да се напомене и дека Државниот завод за статистика во методолошките објаснувања посочува дека бројките за правата, мерките и услугите се однесуваат на евидентирани случаи, а не нужно на бројот на различни деца.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img