домаМакедонијаДо четврток банките треба да се пријават за купување на Алта банка...

До четврток банките треба да се пријават за купување на Алта банка Битола

- Advertisement -spot_img

На 30 ноември ќе се одржи првата аукција за продажба на Алта банка АД Битола, а дотогаш ќе се знае колку од досега заинтересираните банки ќе учествуваат во наддавањето.

Народната банка ја објави постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во „АЛТА банка“ АД Битола, со цел да се најде нов сопственик и да се обезбедат услови за продолжување на работењето на банката.

На продажба се понудени 372.742 обични акции, што претставуваат 95,336 отсто од вкупниот број акции. Тие се во сопственост на „Алта банка“ АД Белград, која е во стечај.

Продажбата ќе се реализира преку Македонската берза, според моделот „сè или ништо“. Тоа значи дека заинтересираните инвеститори ќе мора да го купат целиот пакет акции, без можност за купување само на дел од нив.

Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Доколку акциите не бидат продадени на првата аукција, ќе следуваат нови обиди за продажба на 1, 2, 3, 4 и 7 декември. Почетната цена на секоја наредна аукција ќе биде намалена за 10 отсто во однос на претходната.

Заинтересираните инвеститори имаат рок до 19 ноември да поднесат барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во банката. Треба да достават и писмена изјава дека располагаат со средствата потребни за купување на акциите.

„АЛТА банка“ Битола е под администрација на Народната банка од 1 ноември, откако на нејзиниот доминантен сопственик, „Алта банка“ Белград, му беше одземена дозволата за работа во Србија и беа исполнети условите за поведување стечајна постапка.

Администрацијата е воведена за период од три месеци, со цел да се заштитат имотот на банката, нејзината стабилност и интересите на штедачите и доверителите.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img