Претседателот на Партија за движење на Турците (ТХП), Енес Ибрахим, заедно со партиска делегација, присуствуваше на основачкиот конгрес на најголемиот опозициски субјект Нова партија (Yeni Parti), кој се одржа во Анкара, Република Турција.
По повод конгресот, делегацијата му упати честитки на новоизбраниот претседател на партијата, Озгур Озел, посакувајќи му многу успех и успешна работа во претстојниот период, како и успех на целиот партиски тим.
Учеството на овој настан претставува можност за зајакнување на политичките контакти и продлабочување на соработката, врз основа на заедничките демократски вредности и традиционално пријателските односи.






