домаМакедонијаКосово врати над 12 тони млечни производи од Македонија - Ешерихија коли...

Косово врати над 12 тони млечни производи од Македонија – Ешерихија коли над дозволеното во производи од „Млекара Тетово“

- Advertisement -spot_img

Косовската Агенција за храна и ветеринарство забрани увоз и врати две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради повторени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството.

Станува збор за производи на „Млекара Тетово“, меѓу кои прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, наменети за компанија од околината на Грачаница. Пратките биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.

Како причина за забраната, воведена на 6 ноември, се наведуваат незадоволителни лабораториски резултати од претходни пратки, во кои било утврдено присуство на бактеријата ешерихија коли над дозволените граници.

Првата пратка тежела 7.368 килограми, а втората 4.900 килограми. Од косовската агенција информираат дека ниту една од нив не била пуштена во продажба на косовскиот пазар.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img