Пуштена е во употреба новата детска градинка во Инџиково, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Со особена гордост ја отворивме новата детска градинка во Инџиково, современ објект со површина од 490 квадратни метри и капацитет за згрижување на 50 дечиња. Инвестиција вредна 47,5 милиони денари, обезбедени од првиот јавен повик на Владата за финансирање на инфраструктурни објекти, со современи услови, три занимални, мултифункционален простор и енергетски ефикасен систем за греење преку топлотни пумпи“, објави градоначалникот.
Тој потсети дека ова е втора нова детска градинка во Општина Гази Баба, по градинката во Трубарево, а веќе интензивно се работи и на изградбата на третата градинка, помеѓу Маџари и Керамидница.






