домаМакедонијаМинчев во Атина потпиша меморандум за обука и професионален развој на администрацијата

Минчев во Атина потпиша меморандум за обука и професионален развој на администрацијата

- Advertisement -spot_img

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, при официјалната посета на Атина оствари билатерална средба со високи претставници на Министерството за внатрешни работи и на Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Република Грција (ЕКДДА). Во фокусот на разговорите беа продлабочувањето на институционалната соработка, размената на искуства и унапредувањето на професионалните капацитети на јавната администрација.

На средбата присуствуваа заменик-министерката за внатрешни работи на Грција, Параскеви Харламбојани, претседателот на ЕКДДА, Василис Егзархос, раководителката на Академијата за професионален развој на административните службеници, Ангела Бурбули, раководителот на Националното училиште за јавна администрација, Анастасиос Хондројани, како и генералната директорка на „Reform Greece“, Адамантија Манта.

Како конкретен резултат на средбата, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација и Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Грција. Со документот се воспоставува рамка за долгорочно партнерство во областа на професионалната обука, истражувањето и иновациите во јавната администрација.

Особено значење оваа соработка има за развојот на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, чија цел е воспоставување современ и одржлив систем за континуирано професионално усовршување.

Преку размената на искуства и експертиза со грчката Академија и Националното училиште за јавна администрација се отвораат можности за унапредување на наставните програми, воведување современи модели на обука усогласени со европските стандарди и зајакнување на професионалните компетенции на административните службеници.

„Со продлабочување на регионалните и европските партнерства создаваме конкретна вредност за институциите и за граѓаните на нашата земја. Нашата цел е професионална, компетентна и ефикасна јавна администрација, а за тоа се потребни знаење, континуирана обука и силни институции. Грчкото искуство е значајно во развојот на нашата Академија и во изградбата на современ систем за професионален развој на административните службеници“, истакна министерот Минчев.

Потпишувањето на Меморандумот претставува нов чекор во унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете земји, со акцент на институционалното поврзување, меѓусебната доверба и размената на добри практики.

Од Министерството за јавна администрација посочуваат дека ваквите партнерства се дел од заложбите за јакнење на административните капацитети и изградба на поефикасни и професионални институции, во интерес на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img