Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека е завршен проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, Мостот Око и мостот кај Македонскиот народен театар (МНТ).
Новото осветлување на Камениот мост беше пуштено во употреба вечерва, во присуство на градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Ѓоксу, турскиот амбасадор Алпер Акташ и претставници на Халкбанк.
Проектот е реализиран во рамки на Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и Општина Есенлер.
„Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна величественост во срцето на градот“, објави Ѓорѓиевски.






