Поранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора, неофицијално дознава ” Фокус”.
Тој е избран со 63 гласа од присутните на денешната изборно-конститутивна седница.
Со изборот на новото раководство официјално ќе започне новиот четиригодишен мандат на Лекарската комора, која ги претставува и ги штити професионалните интереси на докторите по медицина во државата.
Покрај изборот на претседател, на седницата се очекува да бидат конституирани и работните тела што ќе учествуваат во носењето одлуки и во спроведувањето на активностите на Комората во следните четири години.
Лекарската комора има значајна улога во унапредувањето на лекарската професија, заштитата на професионалните стандарди и застапувањето на интересите на лекарите во здравствениот систем.






