На 11.11.2026 година во 01:50 часот, на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници лишиле од слобода 38-годишен државјанин на Албанија.
При граничната контрола и извршените проверки било констатирано дека лицето на увид приложило фалсификувана италијанска возачка дозвола.
Мажот бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






