домаМакедонијаКој ќе работи во новите фабрики во Македонија, машините чекаат работници?!

Кој ќе работи во новите фабрики во Македонија, машините чекаат работници?!

- Advertisement -spot_img

Недостигот на работна сила сè повеќе ги ограничува производствените капацитети на македонските компании и станува пречка за нови инвестиции и економски раст. Поедноставувањето на процедурите за ангажирање странски работници и нивното прифаќање како дополнување на домашниот кадар се наметнуваат како дел од решението. Меѓународното регрутирање отвора можност компаниите да ги пополнат празните работни места, да го зголемат производството и да ги реализираат развојните планови.

Недостигот на работна сила во Македонија, во наредните години, се очекува дополнително да се продлабочува, што може да стане сериозна пречка за привлекување нови инвестиции и проширување на постојните бизниси. Недостапноста на потребниот кадар веќе ги ограничува капацитетите на домашните компании, ја отежнува реализацијата на договорите и ја намалува можноста за прифаќање нови нарачки. Во услови кога инвеститорите, покрај даночните услови, инфраструктурата и цената на трудот, сè повеќе ја оценуваат и достапноста на квалификувана работна сила, овој проблем станува важен фактор за конкурентноста на македонската економија.

Надминувањето на ваквата состојба бара нови решенија, меѓу кои и организирано ангажирање работници од странство како дополнување на домашната работна сила. За тоа да функционира, потребно е поедноставување и забрзување на административните процедури, но и надминување на предрасудите кон странските работници и нивно прифаќање како дел од решението за недостигот на кадар.

Колкав е размерот на проблемот, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од 2026 година, стапката на слободни работни места во секторот сместување и послужување храна изнесувала 6,23 проценти, речиси трипати повеќе од вкупната стапка од 2,17 проценти. Најмногу слободни работни места, 2.980, биле евидентирани во услужните дејности и продажбата.

– Кога една компанија нема доволно работници, таа не може целосно да ги искористи своите капацитети, навремено да реализира договори, да прифати нови нарачки или да планира проширување. Така, недостигот на работна сила станува ограничувачки фактор за економскиот раст, инвестициите и конкурентноста на државата. Податокот дека во угостителството се слободни 6,23 проценти од работните места, покажува колку е голема потребата од кадар. Меѓународното регрутирање е едно од решенијата, а нашата улога е да ги поврземе потребите на работодавачите со соодветни кандидати и да обезбедиме поддршка низ целиот процес – од селекцијата и документацијата до пристигнувањето и интеграцијата на работниците, вели Марин Демировски, еден од основачите на „Номад партнерс“, меѓународен оператор за мобилност на работна сила.
Компанијата, која има повеќе од десет години искуство, над 500 компании клиенти во регионот и локална канцеларија во Македонија од минатата година, им помага на домашните работодавачи во регрутирањето работници од земји надвор од Европската Унија.

Недостигот на работна сила е регионален предизвик. Во второто тримесечје од 2026 година Грција, каде што „Номад партнерс“, исто така, има канцеларија, евидентирала 46.368 слободни работни места, додека во Словенија нивниот број изнесувал околу 20.000. Светската банка проценува дека, доколку продолжат сегашните трендови, во следните пет години, на Западен Балкан би можеле да недостигаат повеќе од 190.000 работници.

„Номад партнерс“ применува сопствена методологија за селекција на кандидати, подготовка на документација, работни дозволи и визи, транспорт, сместување и следење на работниците за време на ангажманот. Кандидатите доаѓаат од Непал, Индија, Бангладеш, Узбекистан, Киргистан, Турција, Филипини и Виетнам. Во Македонија, фокусот е на туризмот, хотелиерството и угостителството, производството, земјоделството, градежништвото, енергетиката и другите услужни дејности.

Сепак, процесот не завршува со пристигнувањето на работниците. Условите за работа и живот, редовната исплата и односот кон вработените се клучни за нивното задржување и создавање стабилни работни односи.

– Подготовката за останување започнува пред пристигнувањето. Работникот мора да знае што прифаќа, а компанијата да биде подготвена да го исполни договореното. Довербата се гради секој ден, од редовната исплата и условите за работа до начинот на кој се решаваат проблемите. Тоа подеднакво важи за домашните и за странските работници, додава Демировски.
Затоа концептот на компанијата го поврзува регрутирањето и со организирано сместување и интеграција, вклучително и грижа за безбедноста и одржувањето на просторот и за секојдневните потреби на работниците.

-За човек што доаѓа да работи во друга земја, условите за живот се важен дел од одлуката да остане. Соодветното сместување и организираното приспособување создаваат подобра основа за долг и стабилен ангажман, потенцира Демировски.
Важен фактор во регионалната конкуренција за работници се и платите. Просечната месечна нето-плата во Македонија во август 2026 година изнесувала 48.733 денари. Во Србија просечната нето-заработка за јули била 121.346 динари, а во Словенија просечната нето-плата кај вработените во правните лица изнесувала 1.695 евра.

Според Демировски, задржувањето на работниците бара конкурентен надоместок, редовна исплата, предвидливо работно време, безбедна средина и коректен однос, а кај странските работници се особено важни јасните договорни услови и практичната поддршка при приспособувањето.

Паралелно со меѓународното регрутирање, важно е да продолжи и активирањето на домашниот работен потенцијал. Светската банка во регионалната анализа од април 2026 година проценува дека Западен Балкан би можел да добие повеќе од 2,8 милиони дополнителни работници доколку учеството на пазарот на трудот се приближи до нивото во споредливите земји од ЕУ, пред сè преку поголемо вклучување на жените и младите.

Од „Номад партнерс“ нагласуваат дека ангажирањето странски работници треба да биде дополнување на вложувањата во домашниот кадар, обуките и продуктивноста. Целта е изградба на долгорочни партнерства со македонските работодавачи, засновани на законски процедури, јасни услови за работа и сигурна поддршка за сите вклучени.

https://www.vecer.press/koj-ke-raboti-vo-novite-fabriki-vo-makedonija-mashinite-chekaat-rabotniczi/

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img