домаМакедонијаСемејствата на жртвите во „Пулс“ повикаа на донации за меоријален парк

Семејствата на жртвите во „Пулс“ повикаа на донации за меоријален парк

- Advertisement -spot_img

Семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани започнаа јавен повик за донации за изградба на меморијален парк „Патека на бесконечноста“, посветен на 63-те млади луѓе кои ги загубија животите на 16 март 2025 година.

Иницијативата е на Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“, кое повикува граѓани, компании, институции и организации од земјава и странство да ја поддржат изградбата на спомен-обележјето.

Од здружението посочуваат дека основниот проект е веќе изработен, а следниот чекор е обезбедување средства за неговата реализација.

„Патека на бесконечноста“ е замислена како меморијален парк во Кочани, место за тишина, молитва и сеќавање, каде што имињата на 63-те загинати ќе останат запишани за идните генерации.

„Ова не е само проект за изградба на меморијален парк. Ова е наша родителска и семејна љубов преточена во дело. Наш завет дека нивните имиња, нивните соништа и споменот за нив ќе живеат вечно“, наведуваат од здружението.

Семејствата упатуваат апел за поддршка, нагласувајќи дека секоја донација, без оглед на нејзината големина, ќе придонесе за реализација на проектот.

Од здружението информираат дека сите собрани средства ќе бидат искористени исклучиво за изградба на меморијалниот парк, со транспарентно управување и известување за нивното наменско користење.

Донации може да се уплатат на наменската денарска сметка на Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“ во УНИБанка АД Скопје:
– Сметка: 240130121745838
– Назнака: Донација за „Патека на бесконечноста“
За уплати од странство се достапни и девизните податоци објавени од здружението.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img