Хрватска продолжи да бележи голем интерес за вработување странски работници во 2026 година, а најголем број дозволи за престој и работа се издадени во сектори кои со години се соочуваат со недостиг на работници. Водечки се туризмот, угостителството и градежништвото, сектори во кои потребата од работници е особено изразена, особено пред и за време на туристичката сезона. Меѓу најзастапените странски работници сè уште се државјаните на Босна и Херцеговина(БиХ), Србија, Филипините и Непал.
Според податоците за периодот од 1 јануари до 30 септември 2026 година, издадени се вкупно 124.023 дозволи за престој и работа. Речиси 50 илјади дозволи се однесуваат на продолжување на постојните, додека повеќе од 48 илјади се издадени за нови вработувања. Дополнителни 25.371 дозволи се издадени за сезонска работа, што ја потврдува важната улога на странските работници во одржувањето на бизнисот.
Најголем број дозволи се издадени за работа во туризмот и угостителството, вкупно 48.156, додека 32.701 дозвола се издадени во градежништвото. Потоа следуваат индустријата, транспортот и комуникациите и трговијата. Меѓу странските државјани, најголем број работници се од Босна и Херцеговина, Србија, Филипините и Непал, а значителен број доаѓаат и од Северна Македонија, Индија и Узбекистан, пишува Dnevno.hr.
Најголем број дозволи за престој и работа до 30 септември 2026 година се издадени на граѓани на следниве земји:
Босна и Херцеговина – 22.565
Србија – 19.886
Филипини – 18.712
Непал – 17.386
Северна Македонија – 10.459
Индија – 7.734
Узбекистан – 5.562
Косово – 4.533
Египет – 2.432
Албанија – 2.118






