домаМакедонијаСе гради паркинг зад Собранието, дел од центарот на Скопје со часови...

Се гради паркинг зад Собранието, дел од центарот на Скопје со часови без струја

- Advertisement -spot_img

Градежните активности за изградба на нов паркинг-простор зад зградата на македонското Собрание во Скопје повторно се поврзуваат со сериозен прекин во снабдувањето со електрична енергија во строгиот центар на главниот град.

Речиси пет часа делови од централното градско подрачје се без електрична енергија, додека екипите на терен сè уште се обидуваат да го отстранат дефектот.

Прекинот зафати повеќе објекти, институции и деловни простории во непосредна близина на градилиштето. Неколку часа без електрична енергија остана и дел од улицата „Македонија“, една од најфреквентните пешачки зони во Скопје.

Меѓу погодените институции и објекти се Управниот суд, дел од објектите во околината на Државниот пазарен инспекторат, Државниот завод за статистика, неколку станбени и деловни згради, како и просториите на Телевизија 21.

Она што дополнително загрижува е фактот дека ова не е прв ваков случај. Според информациите од терен, сличен прекин се случил и пред само неколку недели, што го отвора прашањето дали градежните активности се изведуваат со соодветна претпазливост и заштита на постојната подземна инфраструктура.

На местото на дефектот веќе со часови интервенираат екипи на ЕВН, заедно со работници од градежната компанија ангажирана за изградбата на паркингот.

И покрај повеќечасовните интервенции, проблемот сè уште не е отстранет. Дел од работниците на терен неофицијално посочуваат дека не станува збор за особено сложен дефект, што дополнително го наметнува прашањето зошто неговото санирање трае толку долго.

Како е можно градежни работи за паркинг-простор повторно да доведат до повеќечасовен прекин на електричната енергија во самиот центар на главниот град?

Дали при изведувањето на работите е соодветно утврдена местоположбата на подземните електрични инсталации? Дали се преземени сите неопходни мерки за нивна заштита? И кој ќе ја преземе одговорноста доколку се утврди дека дефектот е последица на невнимателно изведување на градежните активности?

Останува да се утврди точната причина за прекинот, како и дали постои директна поврзаност меѓу градежните работи и оштетувањето на електричната инфраструктура.

Граѓаните и институциите очекуваат одговори, но пред сè – стабилно снабдување со електрична енергија во центарот на Скопје.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img