Крави слободно се движат низ централното градско подрачје на Крива Паланка, узурпирајќи ги јавните и зелените површини, гараѓаните испраѓаат фотографии и видеа од состојбата таму.
Граѓаните апелираат да се најде конечно решавање на овој горчлив, децениски проблем, кој го нарушува нивното секојдневно живеење и создава ризици за безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот, како и за зачувувањето на јавните површини.
Вчера Кризниот штаб, Општина Крива Паланка побара Владата итно да се вклучи во решавањето на проблемот, преку координирано дејствување на надлежните институции и преземање конкретни мерки на терен.
„Неопходен е заеднички институционален одговор со јасни задолженија и неодложни активности што ќе доведат до трајно решение. Граѓаните со право очекуваат безбедно движење и непречено користење на јавниот простор“, се вели во соопштението.






