Поранешниот премиер Владо Бучковски, оценува дека етничката мобилизација на Албанците и гласовите од дијаспората придонеле за пресвртот во Брвеница. Според него, малку е веројатно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе може да го повтори нивото на поддршка што претходниот градоначалник го уживаше и кај Македонците и кај Албанците.
Бучковски ,, во кгостување на „360 Степени“ на МТВ, вели дека очекува јазот меѓу ДУИ и ВРЕДИ да се зголемува.
„Тоа се трендовите. ДУИ ќе расте, ВРЕДИ ќе продолжи да паѓа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе има два коалициски партнери чии рејтинзи се движат во рамките на статистичката грешка“, рече Бучковски, мислејќи на ВРЕДИ и ЗНАМ.
Според него, токму овој пад на поддршката објаснува зошто предвремени парламентарни избори не се во интерес на ВРЕДИ.
Бучковски гледа ризик за помалите партнери; тој смета дека доколку коалицијата го одработи целиот мандат – до редовните избори – ВМРО-ДПМНЕ би можела толку многу да ја наруши нивната позиција, што ќе стане неизвесно дали тие воопшто ќе освојат пратенички места.






