домаМакедонијаЗемјотресите под будно око: Поставена нова сеизмолошка опрема во ДелчевскоЗемјотресите под будно...

Земјотресите под будно око: Поставена нова сеизмолошка опрема во ДелчевскоЗемјотресите под будно око: Поставена нова сеизмолошка опрема во Делчевско

- Advertisement -spot_img

Во Делчевскиот регион е поставена нова сеизмолошка опрема која ќе овозможи постојано следење и регистрирање на земјотресите во овој дел од државата.

Опремата е инсталирана во атарот на селото Тработивиште, во близина на Прочистителната станица за вода, а ја обезбеди и постави Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Целта е да се подобри мониторингот на сеизмичката активност и да се обезбедат попрецизни податоци за земјотресите во источниот дел на Македонија.

Поставувањето на опремата е особено значајно бидејќи Делчево и Берово се наоѓаат во источно-македонската сеизмогена зона, подрачје во кое се регистрираат земјотреси.

Новите инструменти ќе овозможат континуирано прибирање податоци за сеизмичките карактеристики на регионот, што ќе придонесе за научните истражувања и подобро разбирање на земјотресните активности.

Од Општина Делчево ја поздравуваат соработката со научните институции и нагласуваат дека ваквите активности се важни за унапредување на истражувањата и обезбедување релевантни информации за природните појави.

Со поставувањето на опремата се зајакнува мрежата за сеизмолошко набљудување и се создаваат подобри услови за следење на земјотресите во источна Македонија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img