домаМакедонијаСамит на Берлинскиот процес, австрискиот канцелар Штокер порачува: Билатералните прашања не смеат...

Самит на Берлинскиот процес, австрискиот канцелар Штокер порачува: Билатералните прашања не смеат да влијаат врз пристапниот процес

- Advertisement -spot_img

Австрискиот канцелар Кристијан Штокер од Самитот на Берлинскиот процес во Милочер, Црна Гора, порача дека билатералните прашања не смеат да го попречуваат процесот на пристапување кон Европската Унија.

„Тие не смеат да го забавуваат овој геополитички исклучително важен процес“, изјави Штокер на прес-конференцијата по Самитот.

Тој рече дека до полноправното членство, преку постепена интеграција, сите земји од Западен Балкан треба чекор по чекор да се вклучуваат во единствениот пазар, за граѓаните уште сега да ги почувствуваат придобивките од ЕУ.

„Време е и Западен Балкан конечно да стане дел од европската роаминг-зона. Нема објаснување зошто шесте земји од Западен Балкан би биле во понеповолна положба од Украина или Молдавија“, истакна Штокер.

Тој потсети дека повеќе од 500.000 луѓе во Австрија имаат корени и семејства во Западен Балкан и оцени дека нивната комуникација треба да стане полесна и поевтина.

Штокер нагласи дека Берлинскиот процес се покажал како успешна иницијатива и дека му претставува чест на Австрија повторно да претседава со неа во 2027 година.

„Нашите приоритети за време на претседавањето ќе бидат младите, помирувањето и регионалната соработка. На следната генерација ѝ е потребна јасна европска перспектива. Затоа сакаме да ги поврземе младите преку границите и да ги надминеме историските поделби“, рече тој.

Австрискиот канцелар порача дека земјите во регионот мора да ги создаваат и зајакнуваат врските меѓу себе, но и со ЕУ, бидејќи, како што истакна, „едното не оди без другото“. Тој додаде дека нема заедничка иднина без соочување со минатото и без доверба меѓу општествата, за што се потребни политичка храброст, трпение и конкретни дела.

„Австрија поставува амбициозни цели. Сепак, одлучувачкиот чекор мора да го направите вие, во самиот регион. Подготвени сме за тесна соработка со сите партнери, за 2027 година да биде успешна година за Западен Балкан. Сметаме на вашата поддршка“, порача Штокер.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img