домаМакедонијаМинистерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на проблемот...

Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на проблемот со „Југохром“

- Advertisement -spot_img

По актуализирањето на ризикот токсичната депонија со шествалентен хром во Јегуновце да го загади изворот за вода Рашче, Владата на Република Македонија одлучи да преземе мерки за спречување на загадувањето.

Од „Екосвест“ информираат дека во моментов постои донатор што може преку грант да го финансира првиот чекор: санирање на пречистителната станица и подготвителни активности за расчистување на депонијата со шествалентен хром. Но, додаваат дека за да се отвори можноста за финансии, потребно е министерот за животна средина и просторно планирање да ја достави потребната документација.
Бидејќи рокот е краток, „Екосвест“ бара министерот за животна средина итно да ги достави потребните документи за да не се испушти можноста за финансирање на овој проект.

– Ова е прв чекор кон трајно решавање на проблемот. Доколку не се почитува рокот, нема да има финансиска помош, а со тоа останува ризикот од понатамошно загадување – нагласуваат од „Екосвест“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img