На билатералната средба учествуваа и заменичката на претседателот на Советот на АВМУ, м-р Зирјета Јајага, членовите на Советот м-р Гордана Мајнова, Афрона Врзиволи и Цветанка Миновска, членовите на Советот на РТУК Фатма Челикер, Хасан Давулџу, Тунџај Кесер и Орхан Оздемир, како и претставници на стручните служби на двете регулаторни тела.
На средбата се разговараше за предизвиците во медиумската регулација со посебен акцент на заштитата на малолетната публика, развојот и регулирањето на дигиталните платформи, како и за продлабочувањето на соработката во рамки на Протоколот од 2014 година. Осврнувајќи се на заштитата на малолетниците, медиумската писменост и новите технологии, претседателот на Советот на АВМУ, м-р Сашо Стефановски истакна „Верувам дека овие области денес добиваат дополнително значење, особено во услови на забрзаната трансформација на медиумскиот сектор и сè поголемото влијание на дигиталните платформи и вештачката интелигенција“. Претседателот на турскиот регулатор Мехмет Даниш во неговиот говор посочи дека билатералните средби се од важно значење и дека ваквата пракса ќе продолжи и во иднина.
Посетата на делегацијата на РТУК е по повод 15. Меѓународна работилница „Комуникација со иднината“, на тема „Медиумска етика и дигитален суверенитет во ерата на вештачката интелигенција“, во организација на РТУК и Меѓународниот балкански универзитет, на која присуствуваа и членови на Советот на АВМУ и претставници на стручната служба на Агенцијата.






