На ден 09.10.2026 година, до 18:30 часот, регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни пожари, а 5 пожари се изгаснати.
Активни: 4
Општина Прилеп: с. Мало Коњари (стрниште);
Општина Студеничани 1: помеѓу с. Драчевица и с. Цветово, м.в. Калдиред (ниска вегетација);
Општина Студеничани 2: помеѓу с. Црвена Вода, под планинарскиот дом на Китка, и с. Количани, м.в. Краста (мешана шума);
Општина Студеничани 3: помеѓу с. Осинчани и с. Малчишта, м.в. Црна Лома (мешана шума).
Изгаснати: 5
Општина Велес: с. Раштани (ливади);
Општина Ново Село: помеѓу с. Дражево и с. Старо Коњарево (ниска шума и депонија);
Општина Липково: с. Стрима, место викано Гури Куќ (борова шума и нискостеблеста шума);
Општина Куманово: с. Речица (стрниште);
Општина Аеродром: с. Долно Лисиче (ѓубре).






