домаМакедонијаГарантирањето исти можности за нас како оние за Украина и Молдавија ќе...

Гарантирањето исти можности за нас како оние за Украина и Молдавија ќе ја обнови нашата доверба и мотивација за европеизација

- Advertisement -spot_img

Претседателката Гордана Силјановска Давкова попладнево оствари средба со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.

– Најпрво, изразив благодарност за растечкиот интерес и посветеност на Европската унија на регионот, потенцирајќи го индивидуалниот придонес на Урсула фон дер Лајен во забрзувањето на регионалните евроинтеграциски процеси.

Иако нашата држава не е формално меѓу западнобалканските држави со најголем напредок, таа, низ призма на двата најважни елементи: техничката подготвеност и геополитичката усогласност со европската надворешна и безбедносна политика, заслужува да биде со нив, наместо на споредната патека.

Изразив цврсто уверување дека гарантирањето исти можности за нас како оние за Украина и Молдавија, со сигурност ќе ја зајакне нашата институционална подготвеност и ќе ја обнови нашата доверба и мотивација за европеизација, што ќе го забрза реформскиот курс.

Фон дер Лајен, укажувајќи на неопходноста од деблокада на нашето напредување кон ЕУ, во духот на европските вредности, изрази уверување дека македонско-бугарскиот спор може да се надмине преку интензивни и сестрани средби и дијалог, коишто треба да почнат час поскоро, објави Силјановска Давкова.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img