домаМакедонијаНово рочиште за предметот „Пулс“: Тензии во судницата во Идризово, дел од...

Ново рочиште за предметот „Пулс“: Тензии во судницата во Идризово, дел од родителите излегоа, на Јованов му се слоши

- Advertisement -spot_img

Започна фазата со испитување на сведоци и вештаци предложени од одбраната, за пожарот во „Пулс“. Вештакот од областа на градежништвото, кој пред судот кажа дека наодот е изготвен врз основа на извршен увид на лице место, доставени материјали од одбраната од кои се издвоени или земени во предвид оние коишто се предмет на стручна градежна експертиза. На прашање на адвокатката на Дејан Јованов, Ивана Коцевска – тој одговори дека сопственик на објектот е Гроздан Милковски, а од 1.12. 2012 година имал склучено договор за закуп само за приземниот дел со правно лице „Класик“. Посочи дека закупецот Дејан Јованов не презел градежни активности.

Петре Русески, технички советник на одбраната: „Закупецот не презел градежни активности на просторот кој го има под закуп. Презел градежни зафати како ентериерно уредување на закупениот простор за потребите на дејноста. Овие зафати не можат да се именувата како реконструкција, туку само како градежно занатски работи.“

На исказот на вештакот и прашањата кои ги поставуваше одбраната на Јованов, бурно реагираа родителите на загинатите деца во судницата. Дополнително реагираа зошто се нарекувани јавност, потенцираа дека тие се оштетени во потапката. Судијката ги отстрани од судницата, а по кратко време се вратија во судницата. Родителите на загинатите деца во кочанската дискотека „Пулс“ реагираа за најавените вештаци и сведоци на одбраната. Посочија дека одбраната се обидува да го брани неодбранливото- велат правдата може да се одолжува, но вистината не.

Александар Наунов-родител: „Јавно прашуваме: кој од нив ќе докаже дека објектот имал законска пренамена, сопствен паркинг и исполнети минимално-технички услови? Кој ќе докаже дека лиценца за салон за теписи важела за дискотека? И кој ќе го оправда непостапувањето на Општината и институциите што го зави Кочани во црно? Нека носат сведоци и нека одолжуваат. Но со сведочење нема да направат пренамена, со вештачење нема да создадат паркинг, а со адвокатски говор лиценцата за салон за теписи нема да ја претворат во дозвола за дискотека.“

Дел од одбраната на почетокот на рочиштето приговараа и дадоа забелешки за градежното вештачење изготвено од Градежниот факултет.

Притворот на првообвинетиот во овој случај, Дејан Јованов истекува во сабота, а одбраната претходно кажа дека нуди имотна гаранција во вредност од околу 200 000 евра.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img