домаСветНовинар стана крал на Уганда

Новинар стана крал на Уганда

- Advertisement -spot_img

Новинарот и долгогодишен телевизиски водител Едвард Рукиди Кијанангома Њабонго Први е новиот крал на угандското кралство Торо. Педесет и шестгодишниот Кијанангома, познато лице од државната телевизија, го наследи покојниот крал Ојо, кој минатиот месец почина од рак на 34-годишна возраст, објави Би-би-си.

Торо е едно од четирите официјално признати историски кралства во Уганда. Кралот Ојо владееше 31 година, откако во 1995 година стапи на престолот како тригодишно дете по смртта на својот татко.

Изборот на Кијанангома, сепак, предизвика спор во кралското семејство. Блиски членови тврдат дека Ојо оставил малолетен син и тестамент со кој го определил детето за свој наследник. Синот никогаш не бил јавно претставен, а не бил признат ниту од 21-члената комисија на владејачкиот клан Бабиито, која го избира кралот.

Мајката на покојниот крал, кралицата Бест Кемигиса, инсистирала тестаментот да биде испочитуван и изборот на Кијанангома го нарекла „прогласување на втор крал“. Од кралската комисија, пак, велат дека постапката била спроведена во согласност со обичаите и традицијата на Торо.

Владата на Уганда го поддржа изборот на Кијанангома, а државниот обвинител изјави дека крунисувањето може да продолжи бидејќи против новиот крал нема официјален приговор. Се очекува на церемонијата да присуствува и претседателот Јовери Мусевени.

Кијанангома е роден во 1970 година, а во 1999 година дипломирал новинарство на Универзитетот Макерере. Повеќе од две децении работел како новинар во Руанда и на угандската државна телевизија УБЦ.

Традиционалните кралеви во Уганда немаат формална политичка власт, но имаат значително културно влијание. По прогласувањето за крал, Кијанангома порача дека ќе работи на единство и развој и дека палатата ќе биде отворена за народот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img