домаМакедонијаТрајков - Памер: Со Австрија споделуваме силна посветеност кон европската интеграција и...

Трајков – Памер: Со Австрија споделуваме силна посветеност кон европската интеграција и реформскиот процес

- Advertisement -spot_img

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер, на која биле разменети мислења за текот на европските интеграции на државата, реализираните реформи и тековните активности поврзани со спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027.

Како што соопштуваат од МЕП, заменик-министерката го презентирала напредокот во реформските процеси и работата на институциите во насока на исполнување на преземените обврски, со посебен акцент на реформите кои придонесуваат за унапредување на институционалниот капацитет и усогласувањето со европските стандарди.

Во разговорот била истакната важноста од континуираната поддршка и размена на искуства со земјите членки на Европската Унија во процесот на европска интеграција.

-Соговорниците се согласија дека редовниот политички дијалог и институционалната соработка се значаен придонес за успешно спроведување на реформите и за напредокот на земјата кон ЕУ, стои во соопштението.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img