Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Гази Баба и Чаир.
Во Општина Бутел, од 7:55 до 9:55 часот без струја ќе бидат делови од улиците „Марко Крале“ и „Лубе Петровиќ“.
Во Општина Гази Баба, прекин во снабдувањето со електрична енергија е најавен од 9:00 до 13:00 часот за улицата „840“, дел од улицата „Благоја Стефановски“ и улицата „1“.
Во Општина Чаир, од 10:10 до 12:10 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улиците „Вуковарска“ и „Струмичка“.
Од ЕВН апелираат граѓаните да ги земат предвид најавените прекини и навреме да ги планираат своите активности.






