домаМакедонијаВо понеделник завршува повластеното ДДВ за дизелот, владата е на потег

Во понеделник завршува повластеното ДДВ за дизелот, владата е на потег

- Advertisement -spot_img

До понеделник Владата ќе треба да одлучи дали повластената стапка на ДДВ за дизел-горивото ќе продолжи да важи и во следните две недели.

На последниот ден од тргувањето, цената на нафтата на светските берзи забележа благо намалување, при што барел се продава за околу 105 долари. Сепак, тоа е за околу два долари повеќе во споредба со минатиот петок, кога брент-нафтата се тргуваше по цена од околу 103 долари за барел.

Во Европа веќе се вклучи алармот поради високите цени на горивата, кои во дел од земјите уриваат рекорди. Стравувањата се дека доколку кризата на Блискиот Исток не се смири наскоро, може да следува нов бран поскапувања.

И САД и Иран, според последните информации, се обидуваат да дојдат до деескалација на кризата. Нивните преговарачи во Њујорк разгледуваат можност за фазен договор кој би вклучувал повторно отворање на Ормутскиот Теснец од страна на Техеран и олеснување на економската блокада од страна на Вашингтон.

Додека се чека исходот од разговорите, дизелот во повеќе европски земји веќе се продава по цена повисока од два евра за литар.

Според платформите што ги следат цените на горивата во Европа, Македонија е меѓу земјите со најевтин дизел, со просечна цена од речиси 1,7 евра за литар. Најскапо се точи во Данска, каде цената надминува 2,5 евра.

Од земјите во регионот, дизелот во Србија и Словенија чини над два евра за литар, во Грција околу 2,2 евра, а во Хрватска околу 1,9 евра.

Кај бензинот, најниски цени има Турција, каде литар чини под 1,5 евра. Македонија, со цена од околу 1,6 евра, е меѓу најевтините земји во Европа, додека највисоки цени има во Холандија, каде литар бензин се приближува до 2,5 евра.

За да го ублажат ударот врз граѓаните и компаниите, дел од европските држави воведуваат различни мерки – намалување на даноците и давачките за горивата, ваучери за гориво и енергетски субвенции за најранливите категории граѓани.

Во Македонија во моментов се применуваат намалена стапка на ДДВ за дизелот и намалување на акцизата за четири денари за сите горива.

Премиерот во неколку наврати најави дека, доколку биде потребно, Владата ќе разгледа и дополнителни мерки со цел да се ублажи ценовниот удар и да се заштити животниот стандард на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img