Градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази, објави дека депонијата во Радуша е исчистена, а на ова место се засадени и садници.
Според Елмази, чистењето на депонијата било барање од жителите и едно од ветувањата дадени за време на кампањата. Тој рече дека целта е областа да се трансформира во чиста и зелена површина за заедницата.
„Таму каде што вчера имаше ѓубре, денес садиме живот. Чистењето на депонијата во Радуша беше барање од жителите и ветување што го дадовме за време на кампањата. Денес, тоа барање е исполнето, но не застанавме само на чистење.
Денес засадивме садници на овој простор, со цел местото што некогаш беше симбол на ѓубрето да го претвориме во чист и зелен простор за заедницата“, објави градоначалникот.






