домаМакедонијаЕкоактивистите од југоистокот не отстапуваат – велат, рудници не може да има...

Екоактивистите од југоистокот не отстапуваат – велат, рудници не може да има во земјоделски регион

- Advertisement -spot_img

Реакциите по јавната расправа за Предлог-просторниот план на државата не стивнуваат. Екоактивистите најавуваат повеќе од 200 приговори на документот, со кои, како што велат, ќе ги оспорат решенијата поврзани со минералните суровини и предвидувањето рудници во Југоисточниот плански регион.

Од „Здрава котлина“ велат дека забелешките ќе бидат од различни области – од технички и правни, до социјални и еколошки. Екоактивистите очекуваат од Агенцијата за просторно планирање на секој од аргументите да им одговорат поединечно и мултидисциплинарно.

Од друга страна политичкиот момент на јасно дадената желба на граѓаните дека не сакаат рудници, знаете дека во сите општини во струмичко, сите совети едногласно донесоа одлука да нема рудници. Ако десет години не се доволно да сфатат дека имаме проблеми ние со тоа во земјоделски крај оќчигледно дека ќе мора да ги притиснеме работите многу повеќе на повисоко ниво за да некогаш некој сфати дека овде рудници не може да има преопасно е. Сите ризици кои што таму се наведени се наведени и во документите но во исто време нема решение, вели Танушев.

Во фокусот на реакциите се и конкретни локации. Танушев ги издвојува проектите Иловица-Штука и Казандол, кои, според него, повторно се појавуваат во просторниот план и покрај претходните случувања околу нив.

Особено прашање, вели тој, е како евентуалните рударски проекти би влијаеле врз земјоделството, водните ресурси и останатите активности во регионот.

Е сега бидејќи тие предлагаат да има рудници, тоа е експлицитно наведено, ќе мора да одговорат како ќе ги менаџираат тие ризици ама директно, бидејќи ако не одговорат ќе следуваат постапки за сите нив поединечно. Планот подразбира да мора да дадат образложение пред да предлагаат опасни проекти коишто сепак немаат видливост, додава Танушев.

Активистите велат дека нивната реакција нема да заврши со забелешките доставени во постапката за јавна расправа. Најавуваат и понатамошни постапки доколку, како што велат, нивните аргументи не бидат земени предвид.

Во меѓувреме, јавните расправи за Предлог-просторниот план продолжуваат и во другите плански региони. По онаа во Струмица, останува да се види дали реакциите од Југоистокот ќе резултираат со измени во делот на рударството или институциите ќе останат на предложените решенија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img