домаМакедонијаФармацевтската комора оствари прва средба со новото раководство на ФЗО

Фармацевтската комора оствари прва средба со новото раководство на ФЗО

- Advertisement -spot_img

Претставници на Фармацевтската комора на Република Северна Македонија остварија прва работна средба со новиот директор на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински. Средбата беше посветена на клучните прашања од значење за аптекарскиот сектор и за непреченото обезбедување на лекови за пациентите.

На состанокот присуствуваа Весна Ставрова, претседателка на Комората, Имер Имери, член на Управниот одбор, и Јоана Андоновска, претседателка на Здружението на приватни аптеки.

Комората ги презентираше предизвиците со кои аптеките се соочуваат подолг период, а кои беа тема на разговор и со претходното раководство на Фондот. Од Комората ја истакнуваат досегашната успешна соработка и меѓусебното разбирање како добра основа за продолжување на конструктивниот дијалог со новото раководство.

Особено внимание беше посветено на цената на услугата што Фондот ја плаќа за издавање на лек на рецепт, како и на останатите технички и финансиски предизвици во процесот на реализација на рецептите.

Претставниците на Комората ги презентираа состојбите од практиката и предложија конкретни решенија за надминување на идентификуваните предизвици, со цел создавање поодржливи услови за работа на аптеките и стабилно функционирање на системот за издавање лекови на рецепт.

Фармацевтската комора останува посветена на активен дијалог со надлежните институции и на застапување на интересите на фармацевтскиот сектор, со цел унапредување на условите за работа и подобрување на достапноста и квалитетот на фармацевтската услуга за граѓаните.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img