домаМакедонијаВМРО: Економијата забрзува со раст од 4,З проценти а СДС очајува, талогот...

ВМРО: Економијата забрзува со раст од 4,З проценти а СДС очајува, талогот ликува на неуспех

- Advertisement -spot_img

Додека СДС очајува и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции, отворање на нови работни места и развој на економијата, велат од владејачката партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, инвестиициите и извозот го движат растот. Економскиот раст од 4,3 процент, како што истакнуваат, е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото.

„Во вториот квартал од 2026 година бруто-инвестициите растат за 16,5 проценти, а извозот на стоки и услуги за 10, 4 проценти.

Градежнишвото бележи раст од 21,9 проценти, додека преработувачката индустрија расте за 4,1 проценти.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи и се стреми кон одржлив економски раст кој создава нова вредност“.

Најавуваат дека економската политика и понатаму ќе биде насоченa кон поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите и подобрување на конкурентоста на македонската економија.

„Додека СДС се радува на секоја лоша вест и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на нови проекти, привлекување на нови странски инвестиции, повеќе капитални проекти, поголем извоз, нови работни места и повисок животен стандард за сите граѓани“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img