домаМакедонијаКлиматските промени и иднината на земјоделството – студентите на УГД со истражувања...

Климатските промени и иднината на земјоделството – студентите на УГД со истражувања и решенија

- Advertisement -spot_img

Одложената сеидба, испитувањето на различни земјоделски сорти и можностите за постигнување подобри приноси беа дел од темите на кои денеска дискутираа студентите на седмата конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, што се одржа на Земјоделскиот факултет при УГД во Штип. Поради сушното време, годинава не беа исполнети условите за навремена сеидба, па дел од истражувањата се насочени кон влијанието на одложената сеидба врз приносите и изборот на соодветни сорти. Деканката на факултетот, проф. д-р Емилија Арсов, истакна дека науката и истражувањата треба да понудат одговори на овие предизвици, посочувајќи дека понекогаш и одложената сеидба може да даде подобри резултати и приноси.

,,Ќе опфатиме многу теми, од областа на заштита на растенијата, квалитет и безбедност на храна, како и заштитата на животната средина. Особено ни е драго што оваа година имаме учесници од прв циклус на студии, имаме 19 пријавени кандидати за презентирање на своите истражувања под менторство, а од втор и трет циклус имаме 16 пријавени. Тоа значи дека нашите студенти биле активни во изминатиот период, работеле под менторство на одредени теми кои што навистина критични во земјоделството. Така на пример тука би ја спомнала сеидбата, што значи тоа, одложена сеидба. Оваа година за жал условите, поради сушното време не дозволија да имаме навремена сеидба. И може би науката е таа , која што може да излезе во пресрет и да даде одговор на прашањето дека некогаш и одложената сеидба може да даде и подобри резултати и приноси. Сорти на испитување, кои се оние сорти кои што можеме да ги употребуваме во сеидбата се всушност едни од испитувањата на селекционерите и генетичарите за да можеме да имаме подобри приноси.На крајот на денот најважно ни е каква храна јадеме и дали имаме ние доволна количина на храна да ги задоволи нашите потреби. Тоа се се прашања на кои еден човек не може да одговри.”, вели Арсов

Од факултетот велат дека целта е студентите да стекнат што повеќе знаење и вештини, за утре да бидат добри стручњаци и да можат успешно да работат во земјоделството и производството на храна.

,,Ова само покажува дека нам студентите ни се во центарот на вниманието, работата на студентите и секако нивното напредување, добивање вештини, за да бидат стручњаци кои што на терен ќе реазлиираат производство на храна.”, вели Наков

Студентите велат дека ваквите конференции се добра можност да го покажат она што го истражувале, да ги споделат своите знаења и да научат нешто ново. Сметаат дека на овој начин придонесуваат и за развојот на науката и струката.

,,Како студент на трет циклус на студии, сметам дека вкавите настани се од особена важност како за студентите, така и за факултетот. Студентите имаат можност да и презентираат знаења, односно своите презентации и на еден начин да придонесат во развојот на науката и струката.”, вели Бајрактарова

Инаку, настанот се оддржа во просотриите на земјоделскиот факултет, а целта беше да се најдат решенијата во проблематиката која ја го засега земјоделството.

Климатските промени и иднината на земјоделството – студентите на УГД со истражувања и решенија

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img