домаМакедонијаДивеат цените и на струјата и на гасот

Дивеат цените и на струјата и на гасот

- Advertisement -spot_img

По цената на нафтата, дивее и онаа на струјата, но и на гасот. На берзите цената на електричната енергија стига и до 200 евра за мегават час, а онаа на европскиот природен гас надмина 79 долари за мегават час што е на највисоко ниво од крајот на 2022 кога беше пикот на претходната енергетска криза.

Континуираните случувања на Блискиот исток создадоа сериозни проблеми на глобалните пазари. Па, по ова се отвора прашањето дали по енергетската криза која неколку години ги притискаше светските економии, следува период во кој ќе има продлабочување и влошување на новата кризата која е присутна веќе извесен период.

И додека берзите испраќаат загрижувачки сигнали, домашните власти со смирувачки тонови. И покрај глобалните турбуленции и неизвесноста за она што ќе се случува, премиерот Мицксоки уверува – ќе има стабилна зима, а се правеле и обиди цената на струјата на домашен терен да остане иста, но и да се намали.

Во Европа вообичаено во текот не летото се прават подготовките за претстојната зима, но овој пат процесот е со прекини, па така нивните складови со гас половични се наполнија.

Изминатиот период дополнителен проблем беше и топлото време високите температури и сушата кој направија проблеми во енергетскиот сектор во повеќе европски држави, па така мораа да исклучат некои од своите централи.

Дали станува збор за ценовен шок кои може би ќе се стабилизира или пак светот се подлабоко навлегува во долгорочна енергетска криза ќе зависи само од тоа колку долго ќе траат геополитичките тензии и колку брзо ќе се стабилизираат пазарите, a ќе се види и колку земјава има капацитет и колкав период може да се бори со уште еден ваков удар.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img