домаСпортБрегалница доби засилување во стручниот штаб – Дарко Денков ќе се грижи...

Брегалница доби засилување во стручниот штаб – Дарко Денков ќе се грижи за голманите

- Advertisement -spot_img

Дарко Денков е новиот тренер на голманите во ФК Брегалница, откако ја прифати довербата да биде дел од стручниот штаб на штипските „сини“.
Денков, кој неодамна си замина од стручниот штаб на Детонит Плачковица, каде што ја извршуваше функцијата тренер на голманите, сега добива нов предизвик во клубот од Штип.

Тој не го крие задоволството од новиот ангажман, а во својата објава упати благодарност до раководството на Брегалница за довербата и можноста да биде дел од клубот.

„Со голема чест и одговорност ја прифатив довербата да бидам дел од стручниот штаб на ФК Брегалница, како тренер на голманите. Голема благодарност до целокупното раководство на клубот за укажаната доверба, како и до сите што веруваат во мене и мојата работа“, порача Денков.

Неговите зборови јасно покажуваат дека Брегалница за него не е само работен предизвик, туку клуб со посебно значење.

„Брегалница е повеќе од клуб – таа е бренд, традиција и дел од мене!“, истакна Денков, кој во новата улога ќе има задача да работи со голманите на штипскиот тим.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img