Европа ни порачува парламентите се во сржта на реформските процеси и двигатели на процесот на пристапување. Функционирањето на демократските институции во време на намалување на демократијата ширум светот и не на така далечни места е аларм за парламентите чија работа мора да ги надминува политичките партии и нивните ставови, посочи високиот претставник на ЕУ за проширување за Западен Балкан, Џулион Венери.
Со свои видувања и претставниците од соседството. Средбите со европратениците имаат посебно значење за преземање на вистински чекори, уверува Елвира Ковач потпретседателката на Собранието на Србија.
Најбитно е да се објасни како поглавјата носат права и слободи за граѓаните од нашите земји, смета Сара Мила пратеничка од Собранието на соседна Албанија.
Сепак многу ќе зависат некои текови и од претстојните избори во европските земји, вели првиот човек на Комисијата за европски прашања, Антонио Милошоски.
Отчетноста, интегритетот и ефективноста на демократските институции треба да се со силен фокус на парламентите како и на сите независни агенции или актери кои придонесуваат за функционирањето на демократијата, владеењето на правото, е една од главните пораки од конференцијата.






