домаМакедонијаMакедонски државјанин уапсен на аеродромот во Загреб – допираше 15 годишно девојче...

Mакедонски државјанин уапсен на аеродромот во Загреб – допираше 15 годишно девојче во авион

- Advertisement -spot_img

Вознемирувачки инцидент на меѓународен лет што пред неколку дена слета на аеродромот во Загреб заврши со апсење на државјанин (61 годишен) на Македонија, кој е осомничен за недолични дејствија врз малолетно девојче, пишува „Јутарњи лист“.

Сè започна кога 15-годишно девојче, кое патуваше само кон Загреб, дискретно ја повика стјуардесата за време на летот, па и го подаде својот телефон. На екранот стоеше порака: „Многу се плашам од овој човек, можете ли некако да ми помогнете?“

Стјуардесата веднаш сфати дека девојчето бара помош, но не сакаше да го вознемири човекот што седеше до неа. Затоа, таа се преправаше дека е рамнодушна, па ѝ рече на девојката дека ќе ѝ покаже каде е тоалетот и замина со неа кон пилотската кабина.

Таму, тинејџерката му раскажа на екипажот што наводно се случи.

Според неа, човекот што седеше на седиштето до неа почна да ги допира нејзините гениталии веднаш по полетувањето на авионот.

Тој наводно се правдаше дека ѝ помага правилно да го врзе појасот.

Екипажот веднаш ја извести контролната кула на аеродромот во Загреб, па полицијата веќе го чекаше осомничениот откако авионот слета на аеродромот „Фрањо Туѓман“. Наместо да го продолжи патувањето по излегувањето од авионот, мажот е одведен на полициски разговор.

Сепак, тој разговор прерасна во кривична истрага. По полициската обработка, осомничениот е одведен во Општинското државно обвинителство, потоа на суд, а на крајот му беше одреден притвор во затворот „Реметинец“.

За време на испрашувањето, тој ги отфрли сите обвинувања против него.

Пред обвинителите тврдеше дека не го допрел девојчето на начинот за кој е обвинет, туку дека само ѝ помогнал со тоа што го намести појасот за таа сама да може да се врзе.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img