Новото засилување на Барселона, Родри, ќе мора да почека за својот прв настап како стартер за каталонскиот гигант.
Според „Мундо депортиво“, тренерот Ханси Флик веќе одлучил да му верува на истиот состав кој минатиот четврток славеше со 2:0 против Атлетик Билбао.
Родри, освојувачот на Златната топка од пред две години, неодамна имаше лесна повреда и поради тоа ќе остане на клупата и против Рајо Ваљекано. Тоа значи дека во средниот ред повторно ќе стартуваат Марк Бернал и Педри.
Барселона има максимални шест бода по првите две кола од Ла Лига, со импресивна гол-разлика од 7:0.






