домаЕкономијаЕкономијата расте, јавниот долг во однос на БДП се намалува, а инфлацијата...

Економијата расте, јавниот долг во однос на БДП се намалува, а инфлацијата е ставена под контрола

- Advertisement -spot_img

Политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати. Економијата расте, јавниот долг се намалува и става во одржлива рамка, а инфлацијата е значително намалена, со што се создаваат услови за поголема економска сигурност и повисок животен стандард за граѓаните.

Бројките јасно покажуваат дека во декември 2017 година јавниот долг изнесувал 4,787 милијарди евра, односно 47,7% од БДП, кој според ММФ изнесувал 11,34 милијарди долари. До крајот на 2023 година, по шест години власт на СДС, јавниот долг достигнал 8,477 милијарди евра или 57,8% од БДП, а според ММФ тогаш БДП изнесувал 15,86 милијарди долари.

Ова е зголемување од 3,69 милијарди евра на јавниот долг за шест години, додека во истиот период, БДП пораснал за 4,52 милијарди долари или околу 3,9 милијарди евра, што покажува дека растот на задолжувањето бил исклучително висок во однос на економскиот раст.

Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, фокусот е поинаков, секое задолжување мора да има економска оправданост и да биде насочено кон инвестиции, инфраструктура, производство и проекти кои создаваат дополнителна вредност.

На крајот на 2024 година јавниот долг изнесувал 9,619 милијарди евра, односно 61,4% од БДП, додека според ММФ бруто домашниот прозивод изнесувал 16,95 милијарди долари, а заклучно со 30 јуни 2026 година, јавниот долг изнесува 58,8% од БДП, што значи дека долгот е намален.

Во исто време, според проекциите на ММФ, македонскиот БДП во 2026 година треба да достигне 21,61 милијарда долари, што е значителен раст во однос на 16,95 милијарди долари во 2024 година, додека јавниот долг би изнесувал 11 милијарди евра.

Ова значи дека за период од две години јавниот долг би пораснал за околу 1,381 милијарда евра, додека БДП би се зголемил за околу 4,66 милијарди долари, односно приближно 4,02 милијарди евра.

Друг важен показател за економската состојба е и инфлацијата, која во јули 2026 година во Македонија изнесува 2,3% на годишно ниво, наспроти високите 16% во јули 2022 година.

Во споредба со земјите од регионот во јули 2026 година Македонија има пониска инфлација од Словенија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Романија и Црна Гора, Албанија, Турција.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img