На 26 август 2026 година, во 15:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат Подмолје-Ќафасан, во близина на Струга, се случила сообраќајна несреќа во која е потешко повреден мотоциклист и уште едно лице.
– Во незгодата учествувале патничко возило марка „Голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 61-годишно лице од струшкото село Радожда, мотоцикл „Кавасаки“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 20-годишник од Струга, паркирани возила „Мерцедес“ со албански национални ознаки, сопственост на лице од Поградец и „Крафтер“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на 40-годишно лице од струшкото село Франгово и 61-годишен пешак од Р.Албанија. Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, додека кај пешакот биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи, информираат од СВР Охрид.






