домаМакедонијаЌе се тестираа живина по дворовите за детектирање на западно-нилска треска

Ќе се тестираа живина по дворовите за детектирање на западно-нилска треска

- Advertisement -spot_img

Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираат дека ги засилиле теренските активности за утврдување на епидемиолошката состојба со болеста Западнониласка треска кај живината, со лабораториско тестирање на земените мостри од птици при спроведување на надзорот на авијарна инфлуенца (птичји грип) и за утврдување на присуство на антитела на присуство на овој вирус.

-Активниот надзор ќе се спроведе на целата територија на државава и со него ќе бидат опфатени одгледувалишта на живина за некомерцијални цели (живина во дворови и селски стопанства), птици кои се чуваат во кафези или друг затворен/ограден простор и одгледувалишта на водени птици во дворови и селски стопанства.

Со засилениот надзор преку земање на примероци од крв за лабораториско тестирање на утврдување на присуство и на вирусот на Западно нилска треска ќе биде опфатена живина од видовите кокошки, мисирки, бисерки, фазани, еребици, потполошки, ноеви, како и диви птици од видовите гуски, пајки, лебеди, штркови, чапји, соколи, галеби, страчки, бувови, корморани јастреби и други. Пасивниот надзор (на болеста птичји грип) се спроведува во текот на целата година, преку пријавување на сомнеж за постоење на клинички знаци на болеста, односно преку пријавување на угината живина, водни и диви птици, а истиот сега се однесува и на болеста Западно нилска треска.

Корисниците на дивечот во ловиштата, зоолошките градини, птици чувани во заробеништво и националните паркови до надлежниот официјален ветеринар или надлеќното ветеринарно друштво треба да ја пријават секоја најдена угината дива птица, од кои ќе бидат земени примероци за лабораториско тестирање. Сите ловни друштва се должни да го пријават отстрелот на диви птици во ловната сезона од кои исто така од официјален ветеринар или од надлежно ветеринарно дрштво ќе бидат земени мостри за лабораториско тестирање.

АХВ апелира до одгледувачите на живина да ги почитуваат мерките за биосигурност, да го ограничат контактот на домашната живина со диви птици и секоја зголемена или невообичаена смртност кај живината навремено да ја пријават кај ветеринарно друштво или официјален ветеринар. Зголемената смртност кај живината задолжително треба да се пријави.

Во однос на дивите птици, апелираме граѓаните да не создаваат непотребна загриженост при појава на поединечна угината птица во урбана средина. Особено внимание треба да се посвети доколку на исто подрачје и во краток временски период се забележат поголем број угинати гаврани или други диви преселни птици, за што треба да биде известена АХВ.

Агенцијата постапува и по поднесени пријави на граѓани за најдена угината дива птица. Во соработка со Секторот за општи и комунални дејности на Град Скопје во главниот град се врши подигнување на пронајдените угинати птици. Мостри за лабораториско тестирање за утврдување на евентуално присуство на вирусот на Западно нилска треска се земат само од погодни примероци угинати птици, по што се врши нивно нештетно отстранување и дезинфицирање на површините каде птиците биле пронајдени. Во другите општини, овие активности се спроведуваат од страна на официјални ветеринари на Агенцијата во соработка со јавните комунални претпријатија на локалните самоуправи.

Во период од 24.08.2026 до 27.08.2026 пристигнати се повеќе од 100 пријави од граѓани, дел од пријавите се однесуваат на угинати птици, како што се врапчиња и други видови, кои не се соодветни за испитување за Западнонилска треска. Поради тоа, не секоја пријава може да резултира со земање примерок и лабораториско испитување. Од тестираните примероци, досега се добиени два позитивни лабораториски резултати – еден кај угината птица пронајдена на подрачјето на Скопје и еден кај птица пронајдена на подрачјето на Ресен.

И покрај ограничените човечки ресурси, Агенцијата постапува по најголем дел од пристигнатите пријави, согласно направената проценка за земање примероци и лабораториско испитување. Со навремениот надзор, лабораториското испитување и брзото пријавување на сомнителни случаи, се овозможува навремено преземање на мерки за заштита на здравјето на животните и јавното здравје, велат од АХВ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img