домаМакедонијаЧиј интерес е поважен: државниот или, пак, регионалниот со експлицитни панетнички агенди?

Чиј интерес е поважен: државниот или, пак, регионалниот со експлицитни панетнички агенди?

- Advertisement -spot_img

Бојкотот на парламентарната поддршка за Украина од страна на дел од пратениците на македонското собрание, вклучувајќи ги и оние што се членови на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримсљката платформа, ги отвори прашањата за посветеноста, конзистентноста, лојалноста, припадноста и доследноста од страна на носителите на високи институционални функции кон сопствените институции и кон генералните државни политики утврдени со институциите на државата, во случајов Собранието. Во исто време, бојкотот и некои јавни вербални истапи ја открија опасната пракса на самоволие и отклон на поединци или групи од утврдените државни политики, како и политичката неодговорност во врска со тоа.

Основна и примарна задача на сите носители на јавни функции во Македонија е доследно спроведување на утврдените државни политики, почитување на институциите и безусловно застапување на државните интереси. Во една демократска држава, функционерите што се избрани од граѓаните на оваа земја, кои добиле легитимитет и се делегирани за да ги изразат интересите на електоратот преку институциите и кои во институциите во кои членуваат гласаат за одредени норми со кои се утврдува политичко-правната архитектура на државата (закони, резолуции, декларации и сл.), во случајов во Парламентот, немаат право на компромис кога е во прашање веќе утврден и прифатен соодветен официјален курс на државата. Од утврдената рамка, изгласаните декларации и собраниските резолуции, не смее да има никакви вонпроцедурални отстапки, бидејќи секој изблик на самоволие ги поткопува авторитетот на уставноста, законитоста и во основа утврдениот политичко-правен поредок во државниот систем. Тезата звучи можеби како академска расправа за тоа кој почитува, а кој не еден утврден уставноправен систем, но во продолжение следува една емпириска поткрепа на тезата, која е суштинска за конзистентност на една држава и нејзините институции, овој пат во делот од надворешната политика.

Партиските и етничките калкулации се ставаат пред македонскиот државен интерес

Имено, последниот пример во македонското собрание за време на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина дава една сосема спротивна слика од потребната „институционална политичка конзистентност!“ Впечатокот е дека одредени македонски политичари (не само пратеници) сѐ уште се водат од агендите на соседите наместо од утврдената македонска државна позиција.

Пластично опишано, чинот на бојкот на пратениците Албанци, вклучително и на оние што се членови на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, покажа дека – регионалните матрици и калкулации се поставени над државните обврски (кои произлегуваат од дадениот мандат од страна на граѓаните на Македонија).

А поводот за ваквиот чекор на дел од пратениците беше изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белград за почитување на територијалниот интегритет на Србија, што предизвика револт во Приштина и симнување на украинското знаме…

Со овој потег, пред македонската јавност легитимно се поставува дилемата: Кој е примарниот политички компас на овие функционери? Кога нивните лични или етнички ставови ќе се судрат со официјалната надворешна политика на Македонија, тие настапуваат исклучиво преку призмата на сеалбанското прашање и регионалната политика на Косово и Албанија. Ваквите синхронизирани и координирани настапи покажаа дека за одредени политички актери е поважно нешто што се случува надвор од Македонија, во соседството, отколку да бидат искажани официјално изгласаните ставови преку резолуции и декларации на законодавното собрание во кое самите партиципираат. Поедноставно кажано, институционално утврдените политики на државата се игнорираат (!?), а се демонстрираат теснопартиски или лични агенди што институционално не поминале. Тоа не е прашање на демократија. Туку тоа е прашање на почитување на принципите на парламентарната демократија, која е нашиот политичко-правен основ за функционирање на системот. Уште поконкретно: Тоа е принцип на функционална држава со почитување на уставноста, законитоста и авторитетот на одлуките донесени во институциите на државата. И нивното непочитување носи – одговорност. Политичка, кривичноправна, морална итн.

Нагризување на државната арматура и институционална неказнивост

Ваквите случувања не се нови. И во минатото бевме сведоци како високи македонски функционери и дипломати наместо да лобираат за позициите на сопствената држава, ги користат својата функција и државните ресурси за промовирање туѓи интереси, како што беше случајот со лобирањето за признавање на Косово во трети земји. Со тоа се испраќа порака дека овдешните функции се користат само како платформа за остварување пошироки етничко-регионални цели, додека обврските кон македонскиот систем се ставаат во втор план.

Но есенцијата на проблемот не е само во односот кон Украина или кон која било друга надворешнополитичка тема, туку во опасната пракса што директно го руши државниот поредок. Кога носителите на јавни функции манифестираат став од типот „кој ги шиша Собранието и државните политики“, тие влегуваат во опасна зона на системска неказнивост. Со тоа свесно се креира перцепција дека законите, Уставот и државните резолуции се само формалност што може да се игнорира кога тоа не му одговара на одреден политички блок или на некоја група „политички криминалци“.

Ваквото однесување директно ја нагризува основната арматура на функционирањето на државата. Кога функционерите избираат кои политики ќе ги почитуваат, а кои ќе ги бојкотираат врз основа на надворешни геополитички или етнички афинитети, се поставува прашањето за нивниот легитимитет. Доколку институциите премолчено преминуваат преку ваквите преседани, државниот инструментариум ја губи својата моќ, а правната држава се сведува на обична декларативна желба.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img