Во Полициското одделение Групчин е пријавено исчезнување на 17-годишна девојка од тетовско.
Според пријавата, Н.М.(47) од село Желино пријавил дека неговата ќерка А.Н.(17) вчера околу 11 часот излегла од домот и не се вратила.
Последен пат се слушнала со својата мајка, при што кажала дека се наоѓа во Струга, а оттогаш е недостапна.
Полицијата презема мерки и активности за нејзино пронаоѓање.






