Во штипските основни училишта секоја година бројот на првачиња се намалува за една или две паралелки. Центарот на Источниот регион, во кој пред повеќе од една деценија имал над 10.000 ученици во основното и во средното образование, неколку години наназад бележи тренд на намалување или оваа учебна година вкупниот број на основници и средношколци е 5.569. Годинава во училишните клупи се очекува да седнат 336 првачиња или 27 помалку во споредба со лани.
Затворање на училишта нема во Штип, но од оваа година почна оптимизацијата за деветолетката „Гоце Делчев“ која во наредните пет години постепено ќе се затвора, од оваа година нема да се примаат ученици во прво одделение. Туку првачињата ќе се запишуваат во другите училишта.
Исселувањето зема данок во источниот регион. Според податоците од публикацијата за регионите на Државниот завод за статистика објавена лани, на истокот во 2024 година има повеќе починати граѓани, отколку што се родиле деца. Се родиле само 936 новороденчиња, а починале 1.974 граѓани. Затоа и природниот прираст за 2024 година е во голем минус и изнесува 1.038.
Според податоците на Министерството за образование и наука, годинава се затвораат четири подрачни училишта во Делчевско, но со процесот на оптимизација се опфатени повеќе паралелки во подрачните и основните училишта во регионот.






