домаСветЕстонија ќе ги полни празните затвори со затвореници од Шведска — земјите...

Естонија ќе ги полни празните затвори со затвореници од Шведска — земјите склучија договор вреден 600 милиони евра

- Advertisement -spot_img

Влегувањето во затворот во Тарту, на југот на Естонија, открива глетка за која британските власти во моментов можат само да сонуваат — празни затворски ќелии, пишува „Ченел 4 њуз“.

Но, тие нема уште долго да останат празни. Пред затворот неодамна било кренато шведското знаме, биле вработени нови затворски чувари, естонските осуденици биле префрлени во други затвори, а во ќелиите биле направени измени според барањата на новите „клиенти“.

Сето тоа е подготовка за стотиците шведски затвореници кои треба да пристигнат во следните две недели. Договорот ѝ овозможува на Естонија да престане да троши пари за одржување полупразни затвори, а Шведска добива помош за справување со кризата со пренатрупаноста во своите казнено-поправни установи.

Премалку затвореници

Балтичката земја со околу 1,3 милиони жители има токму спротивен проблем од Шведска и Велика Британија — премалку затвореници за да ги пополни своите затвори.

Договорот вреден 600 милиони евра ѝ обезбедува на Шведска 400 ќелии, во кои ќе можат да бидат сместени до 600 затвореници.

Слична опција претходно разгледувала и Велика Британија. Разговорите со Естонија започнале уште за време на претходната конзервативна влада, со идеја дел од затворениците од Англија и Велс да бидат сместени во естонски затвори. Но, британската влада се откажала од планот, а договорот на крај го добила Шведска.

„Британските затвореници веќе ќе беа во Естонија“

На почетокот имаше голем интерес, но потоа Владата донесе одлука да не продолжи со договорот за изнајмување, изјави естонската министерка за правда Лиса Пакоста.

— Мислам дека, ако разговорите продолжија, британските затвореници досега веќе ќе беа во Естонија. Всушност, потребно е релативно кратко време да се постигне договор доколку станува збор за земји со слични ставови — рече таа.

Нејзината изјава е спротивна на тврдењето на британската влада дека „изнајмувањето затворски места во странство“ не претставува брзо решение.

Пакоста, сепак, нагласи дека можноста за нов договор веќе е затворена.

— Сега имаме многу добар договор со Шведска. Нема да склучуваме нов договор — рече таа.

Од британското Министерство за правда изјавија дека го разбираат гневот на јавноста што вакви опции воопшто се разгледуваат, додавајќи дека наследиле затворски систем „на работ на колапс“. Владата најавува изградба на 14.000 нови затворски места, проширување на електронското следење и поголеми инвестиции во пробациските служби.

Лондон разгледува и други мерки, меѓу кои побрза депортација на странски криминалци, подобро користење на женските затвори и ревизија на спорните казни со неопределено времетраење.

Ова не е прв случај европска земја да изнајмува затворски капацитети на друга држава. Холандија претходно им изнајмувала ќелии на Белгија и Норвешка, но подоцна и самата почнала да се соочува со недостиг од простор и водела разговори со Естонија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img