домаМакедонијаСДСМ го повикува Савески кривично да ги гони Мицкоски и Клековски за...

СДСМ го повикува Савески кривично да ги гони Мицкоски и Клековски за ситуацијата во Гостивар

- Advertisement -spot_img

СДСМ повторно потсетува дека Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Според опозициската партија, единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски.

„Ништо повеќе. Денес повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено. Но никој не смее тоа јавно да им го каже на граѓаните, затоа што тогаш ќе се открие дека Мицкоски лажеше. А лажењето и навредите се единствениот начин на комуникација што тој го познава. Министерот Клековски најави дека од оваа недела водата ќе може да се пие. Мицкоски рече дека има бактерија“, соопштија од „Бихаќка“.

Оттаму потсетуваат дека официјално е потврдено како присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот.

СДСМ го повикува државниот обвинител Савевски да постапи согласно законот и да застане во одбрана на граѓаните.

„Знаеме дека е под команда на Мицкоски, но овојпат се во прашање животите на граѓаните и нивното здравје“, додаваат од СДСМ.

Забраната за пиење на водата во Гостивар и по повеќе од 15 дена сè уште на сила – неизвесно е кога жителите ќе можат да ја изгасат жедта од чешмите во нивните домови. Квалитетот на водата во системот се подобрува, нема фекални, но и натаму има присуство на други бактерии. Кризниот штаб бара трпеливост од граѓаните, се прават напори да се надмине проблемот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img