Малолетничка од Тетово била полово вознемирувана од маж во угостителски објект каде што работела. Случајот во полиција го пријавила таа и нејзиниот татко.
– На 13.07.2026 во 00:30 часот, во Полициската станица Тетово, 45-годишен маж од Тетово, заедно со неговата 17-годишна ќерка, пријавиле дека на 07.07.2026 и на 12.07.2026 во угостителски објект каде таа работела, била полово вознемирувана од машко лице на возраст од околу 35 години, по што таа ги известила сопственикот на објектот и нејзиниот татко, по што лицето избегало, информираа од тетпвската полиција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






