Македонските младински репрезентативци, Лука Трпевски, Лука Грчевски, и Александар Грашески денеска настапија во младинската Лига на Шампиони за своите екипи Црвена Звезда односно Динамо Загреб.
Лука Грчевски беше стартниот голман за Црвена Звезда како и Лука Трпевски кој што доживеаа пораз на гостински терен кај Ред Бул Салзбург со високи и убедливи 5:0.
Од друга страна пак, Грашески ги доби последните неколку минути за тимот на Динамо Загреб во домашниот пораз од Бенфика од 2:3.
Следуваат секако реванши на двата дуела.






