домаМакедонијаЗатворете ги прозорците и избегнувајте престој надвор – во среда голема акција...

Затворете ги прозорците и избегнувајте престој надвор – во среда голема акција против инсекти

- Advertisement -spot_img

Општина Тетово најави нова акција за прскање против инсекти и ги повика граѓаните навреме да ги преземат препорачаните мерки за претпазливост.

Втората просторна, односно терестрична дезинсекција на територијата на градот ќе се спроведе во среда, на 15 јули 2026 година, во рамки на редовните активности за заштита на јавното здравје во текот на летниот период.

Третманот ќе го изврши овластен оператор согласно одобрен оперативен план, а спроведувањето на целата акција ќе биде под надзор на претставници на локалната самоуправа.

Од Општина Тетово ги повикуваат граѓаните за време на дезинсекцијата да ги затворат прозорците на домовите, станбените и деловните објекти и да избегнуваат непотребен престој на отворено додека трае третманот.

Воедно, граѓаните треба да ги следат насоките и инструкциите на екипите што ќе бидат ангажирани на терен.

ПОСЕБНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ПЧЕЛАРИТЕ

Посебен апел е упатен до пчеларите, кои треба навремено да ги преземат сите неопходни мерки за заштита и затворање на пчелните семејства.

Целта е да се спречат можни несакани последици и штети врз пчелите за време на третманот против инсекти.

Од локалната самоуправа нагласуваат дека дезинсекцијата е стандардна превентивна процедура чија цел е контрола и намалување на популацијата на инсекти, како и заштита на здравјето на граѓаните во летниот период.

Надлежните апелираат препораките да се почитуваат за акцијата да се спроведе безбедно и ефикасно.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img