домаХроникаПриведен еден од осомничените за нападот врз лекар и медицинска сестра во...

Приведен еден од осомничените за нападот врз лекар и медицинска сестра во Скопје – здравствените работници бараат поголема заштита

- Advertisement -spot_img

Нападот на доктор и медицинска сестра од Итната медицинска помош пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, во кој според пријавата, напаѓачи биле татко и син предизвика бурни реакции кај медицинската фела.

Лекарската комора го осуди нападот и побара од Министерството за внатрешни работи и другите надлежни органи итно да го расчистат случајот, а сторителите да бидат соодветно санкционирани.  

Лекарска Комора: „Бараме Министерството за внатрешни работи и надлежните правосудни органи итно и целосно да го расчистат случајот и најстрого да ги санкционираат сторителите, во согласност со законските одредби со кои нападот врз здравствен работник при вршење на професионалната дејност се третира како кривично дело, напад врз службено лице, за кое е предвидена и казна затвор до пет години“.

Реагираа и од Здружението на лекари и специјализанти од каде го повикаа министерството за здравство да иницира законски решенија за поголема безбедност на здравствените работници на нивните работни места.  

ЗЛС: Јавно го повикуваме Министерството за здравство да иницира законско решение со кое физичкото обезбедување ќе стане задолжително во сите здравствени установи во државата. Бараме ова прашање конечно да се третира како приоритет, а не да се отвора само по секој нов инцидент. Потребни се конкретни законски механизми за заштита на здравствените работници, јасно дефинирани обврски за здравствените установи и соодветни услови за безбедно извршување на здравствената дејност.

Нападот го осуди и Унијата на медицински сестри од каде исто така побараа од надлежните институции да го расчистат случајот, а од раководството на здравствените установи бараат системски мерки за зголемување на безбедноста на медицинскиот персонал. 

Унија на медицински сестри „За нас“: „Како Сојуз, бараме од Министерството за внатрешни работи и надлежните правосудни институции итно и целосно да го расчистат случајот, да ги утврдат сите околности и да преземат соодветни законски мерки кон сторителите. Истовремено, апелираме до Министерството за здравство, раководствата на здравствените установи и сите надлежни институции да преземат конкретни и системски мерки за зголемување на безбедноста на здравствените работници на нивните работни места.“.

Според последната анкета напревена во 2022 година – над 70 отсто од докторите во Македонија се соочиле со физичко или вербално насилство на работно место од кои 80 проценти биле изложени на вербално насилство, а 6,8 отсто на физичко. Со измените на Кривичниот закон во 2023 година, нападот врз медицинско лице се третира како напад врз службено лице.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img