28-годишен скопјанец е приведен откако се сомничи дека запалил автомобил во сопственост на неговата мајка, а потоа се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил утрото на 19 ноември, околу 05:50 часот, на подрачјето на Чаир. Осомничениот наводно го опожарил автомобилот „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, по што упатил закани дека ќе го запали и семејниот дом.
Полицијата го пронашла и го лишила од слобода околу 06:30 часот на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.
Тој е задржан во полициска станица, а од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






